Ме прашувате кој е подобар од Шуми и Алонсо? Па тоа е како да избирам помеѓу Меси и Роналдо

Флавио Бријаторе го спореди ривалството на Фернандо Алонсо против Михаел Шумахер, со она на Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Италијанскиот стратег работеше во минатото и со двајцата, и со Алонсо и со Шумахер освои по две шампионски титули.

Ме прашувате кој е подобар од Шумахер и Алонсо? Тоа е како да ме прашате кој е подобар од дуелот Меси – Роналдо? Па не знам што да ви кажам“.

„Фернандо Алонсо беше помалку емотивен од Михаел, тоа сигурно. Михаел секогаш го извлекуваше тимот на најдобро. Од д руга страна, Фернандо беше како ротвајлер, никогаш не сакаше да се откаже од тоа што го работи“, истакна Бријаторе.

Алонсо и Шумахер имаа свои битки во 2005 и 2006 година, две сезони во кои Алонсо со неговиот Рено Бенетон беше подобар од „црвениот барон“, кој претходните 5 сезони царуваше во Ф1.