Мбапе понуди фраерски одговор на прашањето кој е подобар, дали Меси или Роналдо

Несомнено дека привршува ерата на доминација на Кристијано Роналдо и Лео Меси за најпрестижните европски награди.

Овие двајца играчи повеќе од 10 години војуваат за секоја мала и голема награда, за секоја „Златна топка“, награда која годинава замина во рацете на Лука Модриќ од Реал Мадрид.

Но на прашање околу тоа кој смета дека е подобар играч, дали Кристијано Роналдо или Лео Меси, фудбалерот на ПСЖ, Килиан Мбапе, одговори во свој стил.

Да можам јас да избирам кој да биде во мојот тим? Па да ви кажам дека би се повлекол од играњето фудбал и би ги ангажирал за да победуваме. Не би сакал да изнесам теза која подоцна ќе биде злоупотребена на сметка на еден од овие двајца играчи“.

„Некогаш бев повеќе приврзан за Роналдо кога бев дете, но сега сум возрасен и мислењата се поделени. Многумина сметаат дека најдобар е Меси, многумина дека тоа е Роналдо, неможам да издвојуам, овие двајца играчи се победници и фудбалски чудовишта“, констатира младиот Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Реванш за минатата сезона: Драгон преку Тиверија до Куп титула

Иако е крај на сезоната – еден фудбалер на Јунајтед остана да тренира и понатаму: На одмор ќе оди со личен тренер

(ФОТО) Фотката од финалето на Купот на Србија го обиколи цел свет

Арсенал наскоро ќе го претстави првото засилување, а навивачите се огорчени

„Ѓаволите“ разоткриени: Ова е првиот неуспех на Јунајтед во летниот преоден рок

Како ќе изгледа составот на Аргентина на Копа Америка по фијаското на Мундијалот?

Во Сити се изнервираа: Престанете со лагите!

Како изгледа патувањето до Баку за Англичаните: Осум дена, четири лета, 24 часа со воз…

Ништо не се знае во ПСЖ – ни дали ќе останат Мбапе и Нејмар!