(ВИДЕО) Мбапе и Левандовски во втор план: Голманот на Лацио погоди мајсторски во 95. минута

Дербито од првото коло во Лигата на шампионите не донесе премногу возбудувања, а за тоа е виновен ПСЖ кој целосно ја надигра Борусија Дортмунд и веќе направи голем чекор кон нокаут фазата. Сепак, ноќта ја одбележа голманот на Лацио, Иван Проведел.

На Паркот на принцовите, ПСЖ беше супериорен противник во текот на целиот натпревар, што резултираше со сигурна победа со резултат 2:0.
По подобрата игра во првото полувреме, принцовите го решија прашањето на победникот на стартот од вториот дел кога постигнаа два гола во простор од околу 10 минути.

Тие првпат ја затресоа мрежата во 49. минута кога беше досуден пенал по игра со рака на Суле, а Мбапе беше сигурен од белата точка.Така Французинот на последните 23 натпревари во Лигата на шампионите учествуваше на дури 30 голови на ПСЖ. Домашните стигнаа до вториот гол во 58. минута по една навистина убава акција, а Хакими практично влезе во голот.

Претходно во групата Ф Милан и Њукасл Јунајтед одиграа 0:0 и јасно е дека ПСЖ е главен фаворит за напредување од првото место.

Натпреварите во групата Х поминаа без изненадувања. Барселона на Олимпискиот стадион го победи Антверпен со 5:0, додека Порто во Хамбург го победи Шахтјор со 1:3. Два гола за Каталонците постигна навидум препородениот Жоао Феликс, а меѓу стрелците се запишаа и Левандовски и Гави. Батај ја затресе својата мрежа.

Сите голови во Хамбург беа постигнати во првото полувреме. Херој на Португалците беше Галено со два гола, а Тареми постигна еден. Келси постигна гол за рударите.

Но, ноќта ја одбележа голманот на Лацио, Иван Проведел, кој ги засени сите ѕвезди со одличниот гол против Атлетико Мадрид. На Олимпико заврши 1:1.