Мбапе е вистинско чудо, ПСЖ добива огромно засилување за мечот со Аталанта

Килијан Мбапе пред недела дена „заработи“ повреда на глуждот по што секој навивач на „Светците“ беше во паника дека францускиот напаѓач предвреме ја завршил сезоната, но сега пристигнуваат добри вести.

Иако се шпекулираше дека Мбапе сигурно ќе го пропушти дуелот со Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите, наводно, тој би можел да биде подготвен.

Радио „Монте Карло“ и останатите француски медиуми пренесуваат дека Мбапе дава позитивни сигнали, дека се опоравува брзо и дека неговиот настап против Аталанта веќе не е толку невозможен.

Лекарскиот тим ќе ја следи ситуацијата од ден на ден, Парижаните кон крајот на неделата се селат во Португалија, каде ќе ги продолжат подготвките за нападот на Лигата на шампионите.

Мечот меѓу ПСЖ и Аталанта е на програмата за точно 10 дена, на 12 август во 21 часот.

Мбапе оваа сезона постигна 30 гола и додаде 18 асистенции на 34 натпревари за ПСЖ.