Мавровски Меморијал 56 пат по ред на падините на Бистра

Како и претходните години, така и оваа, ќе се одржи традиционалниот Мавровски меморијал, кој ќе биде 56 пат по ред, а ќе се одржува во периодот од 12 до 14 февруари.

Настанот ќе биде под покровителство на заменик претседателот на владата и министер за одбрана, Г-ѓа Радмила Шекеринска, ќе се одржува на падините на Бистра на патеката „Мирна долина“.

Годинешниот меморијал ќе биде во чест на загинатите градители на хидро системот „Маврово“ во снежна лавина во 1956 година.

Почнувајки од 1957 година, се одржуваат натпревари во нордиско трчање, кои поради квалитетните природни услови и добра организација, прераснаа во едни од најважните скијачки купови во Европа.

„Мавровскиот Меморијал“ ќе понуди квалитетна патека за натпревар, на која ќе се докажуваат најдобрите репрезентации од регионот, под комплетна супервизија на официјални лица од FIS.

Укажаната доверба од FIS се потврдува и со доверената доверба за доделување на признанија и медали на најдобрите балкански натпреварувачи во текот на целата сезона.

Агенцијата за млади и спорт, Скијачката федерација и Мавровскиот Меморијал има огромно значење не само на спортски план, туку важна улога и во промоција на Република Македонија во целост, а секако со најголем акцент на туристичката промоција на државата, особено на потенцијалите за унапредување на зимскиот туризам и зимските спортови.

ЕЛЕМ е генерален спонзор на настанот, ќе учествуваат 8 држави со вкупно 45 натпреварувачи на годинешниот Мавровски Меморијал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Најубавата македонска кошаркарка се разголи на плажа – го покажа и своето момче

(ФОТО) Перверзни папараци: Уловен секси задникот на убавата девојка на фудбалерот

(ФОТО) Најпровокативна фотка за денот на вљубените во изведба на фудбалерот на Јуве

Руни во нова авантура – го фатија жив со шанкерка на Флорида

(ВИДЕО) СКАНДАЛ во Сплит: Нападнати ватерполисти на Црвена Звезда – скокнале во море за да се спасат

(ВИДЕО) Лојалноста е мртва: Родри му се одмазди на Рајан Гигс преку реклама за обложувалница

Мајка му на Роналдо растури: Што барала со него в соба, да играат карти?

Скандалот се шири, Карлеуша најавува тужби, а во меѓувреме се појавија и нови пораки

Кристијано Роналдо доаѓа во Скопје!