Матиќ со оптимистичка најава за титула: Ова не е среќа

Српскиот фудбалер Немања Матиќ верува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да се бори за титулата во Премиер лигата, што може да го докаже против Ливерпул во недела.

„Црвените ѓаволи“ ја зазедоа лидерската позиција на табелата, бидејќи во вторникот го совладаа Барнли со минимален резултат. Екипата од Олд Трафорд има три бода повеќе од Ливерпул, со кого ќе се сретне в недела

„Оваа победа покажа дека сме подготвени да се бориме за титулата “, рече Матиќ и додаде:

„Задоволен сум од играта и односот. Сега имаме дуел со Ливерпул. Тоа е најголемото дерби во Англија. Одиме да надигруваме едни со други и ќе видиме каде сме во однос на еден од најдобрите тимови во лигата. Ние сме подготвени. По 17 натпревари, ние сме на врвот на табелата, тоа покажува нешто. Не станува збор за среќа, покажавме квалитет. Но, не смееме да се опуштиме, мора да бидеме сконцентрирани до крај “.