Матеус открива можен спектакл од трансфер: Мислам дека знам каде ќе заврши Хамес ова лето

Хамес Родригез ова лето го напушта Баерн Минхен бидејки баварскиот клуб не успеа да се договори со „кралевите“ за понатамошен ангажман на колумбискиот фудбалер.

Реал за Хамес бара 65 милиони евра, додека од Баерн понудиле само 50 милиони за да го откупат перманентно неговиот договор, по што преговорите пропаднале, па Колумбиецот се враќа во Мадрид.

Но за таа намена, Лотар Матеус, легендата на Баерн Минхен, како да сакаше да открие предвреме каде ќе заврши Хамес Родригез.

Зборував пред две недели со Хамес за време на прославата во Минхен. Според разговорот можам да проценам дека тој ќе биде иден играч на Јувентус. Тој е многу близок со Кристијано Роналдо и мислам дека веќе имаат остварено контакт, па можно е ова лето Хамес да замине во Торино. Доколку Хамес отиде во Јувентус, Кристијано Роналдо и понатаму ќе блеска“, тврди Матеус.