Машката и женска ракометна селекција на Македонија останаа без директор

Од Ракометна Федерација на Македонија пред неколку моменти се огласија со соопштение во кое што се вели:

Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година.

Со почит, Ракометна Федерација на Македонија