Маса: Имам информации за Шумахер, знам во каква состојба е!

Еден од најдобрите бразилски Формула 1 пилоти на сите времиња, Фелипе Маса проговори за состојбата на својот поранешен колега од тимот на Ферари, легендарниот Михаел Шумахер.

За состојбата на Германецот многу малку се знае по несреќата која што ја имаше во 2013 година по тежок пад при скијање.

„Знам во каква состојба се наоѓа. Ги имам сите информации. Секогаш бев близок со него“, изјави маса Маса и додаде:

Ситуацијата не е лесна, се наоѓа во деликатна фаза, но мораме да ги почитуваме желбите на неговото семејство. Кога тие не сакаат да откриваат информации, зошто пак јас да го сторам тоа“.