Мартинез признава дека некогаш би можел да „убие“ на терен

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, признава дека понекогаш на терен чувствува дека би можел некого да „убие“, но веднаш сфаќа дека не сака да биде суспендиран, па не го прави тоа.

Мартинез кој на терен популарно го нарекуваат „месарот“, откако се пресели од Ајакс во Манчестер Јунајтед, има одличен почеток и за нешто помалку од една сезона, тој им влезе под кожа на навивачите во Манчестер со неговата борбеност.

По доста калкулации во одбраната, се чини дека Јунајтед конечно го пронајде двоецот на кој може да се потпре. Мартинез и Варан го сочинуваат дефанзивниот бедем и навивачите се задоволни од нив.

Понекогаш чувствувам дека некого можам да убијам на терен, но се контролирам околу тоа, иако нашата култура во Аргентина е таква. Ние сме такви, пасионирани за фудбал, за нас фудбалот е се, затоа даваме максимум. Како дете, се сеќавам, често бев дел од некоја тепачка и кога ќе загубам, знам да пуштам солза поради тоа што не сакам да губам, така да, тоа е во нашата крв, во срецто, тоа е наша култура, борбеноста до крај“, истакна Лисандро Мартинез.