Мартинез: Некогаш сакам да убијам, морам да бидам попаметен

Лисандро Мартинез (25), дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и на аргентинската репрезентација изјави дека е многу страстен кога игра фудбал, а со тоа и агресивен. “Тешко е да се контролирам. Понекогаш сакам да убивам, но морам да се контролирам. Мислам дека тоа е поврзано со аргентинската култура – ние сме страсни.

Фудбалот ни значи се, затоа секогаш даваме се од себе. Се сеќавам кога имав четири или пет години и почнав да се карам и да плачам затоа што изгубив. Тоа е во нашата крв, во нашите срца“, изјави Мартинез во интервју за „Телеграф“.

Играјќи за Јунајтед оваа сезона, Мартинез доби четири жолти картони во Премиер лигата и три во Лига Европа. Свесен е дека мора да внимава ако не сака да добие црвен картон. „Можам да успеам во тоа, во спротивно ќе добивам црвен картон на секој натпревар. Морам да бидам паметен“, додаде Мартинез.

Мартинез има 36 настапи за Манчестер Јунајтед, кој е на третото место во англискиот шампионат со 49 бодови, пет помалку од лидерот Арсенал, кој има натпревар помалку. Договорот на Аргентинецот е со важност до 2027 година и има опција за продолжување на уште една година. Играше на Светското првенство во Катар, каде Аргентина ја освои титулата.