Маршираа во Торино, славеа во Бергамо!

Џанпјеро Гасперини е презадоволен од победата над Јувентус на гостински терен во Торино.

Еден гол беше доволен за Аталанта да освои три големи бодови од овој натпревар и со тоа да му ги продлабочи ионака големите проблеми кои ги има Јувентус сезонава.

Момците на Гасперини уште еднаш покажаа дека Јувентус сезонава е доста кршлив и дека може секоја по компактна екипа да го победи.

Ова беше уживање за мене, оваа победа во Торино. Верувам дека цел Бергамо ужива во оваа победа. Ова беше еден доста тежок натпревар, физички напорен за нас. Имавме претходно ние ситуација со многу повредени, бевме принудени да ги играме играчите надвор од своите природни позиции, но сепак го задржавме континуитетот“, истакна Гасперини.

Јувентус со овој пораз дополнително си ги загрозува шансите за добар пласман сезонава. По 14. кола во Серија А, Јуве е осмопласиран на табелата со 21 бод, или 11 во заостанување зад лидерите Наполи и Милан. Веднаш зад нив е Интер со бод заостанување, па следуваат Аталанта, Рома, Лацио и Фиорентина.

Алегри и тимот на Јувентус ќе имаат пеколна задача во преостанатиот дел од сезоната, мечеви во кои не смеат повеќе да киксираат и да помислат на губење бодови, за да може да останат во ЛШ зона.