Марсело е оптимист: Реал оди по сите титули сезонава

Реал Мадрид ова лето доведе неколку звучни засилувања, а играчот на овој тим, Марсело, смета дека нови засилувања не му се потребни на клубот од „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралскиот клуб“ потроши околу 300 милиони евра на нови играчи, а во првото коло успеа да дојде до победа против Селта иако Еден Азар не играше во тој меч поради повреда.

Не, имаме добар тим. Ќе биде тешко, но ако секој се фокусира на својата задача, тогаш можеме да освоиме се. Ме научија да се борам за сите титули откако стигнав во Реал Мадрид. Нема да биде поинаку оваа година и ќе се бориме за првенството, Лигата на шампионите и Кралскиот Куп“, изјави Бразилецот.

Минатата сезона беше турбулентна за Марсело кој поради своите игри неколкупати се најде на мета на навивачите на овој клуб и доста се пишуваше за негово заминување.

„Научив да живеам со критиките и да продолжам да си ја работам работата. Знам подобро од било кој друг кога работам добро или кога работам лошо. Критиките не ми сметаат“, додаде Марсело.