ВИДЕО: Маркез слави во Херез, малери на денот се Довициозо, Педроза и Лоренцо

676

Шпанецот Марк Маркез е победник на трката во Херез, Шпанија, по еден неверојатен расплет на околностите.

Тој ја оствари својата 37. победа во кралската класа, благодарение на малерозната ситуација помеѓу Педроза, Довициозо и Лоренцо, кои во еден ист свиок, сами меѓу себе, ненамерно се елиминираа од трката.

Довициозо се обиде да ја нападне првата позиција од својот колега од Дукати, влегоа прешироко во свиокот, тоа реши да го искористи Дани Педроса, кој со голема брзина беше незапирлива препрека за конкуренцијата од Дукати, кои се судија директно во неговиот мотор, по што следуваше спектакуларно излетување.

На крајот, победа за Марк Маркез со која сега го превзема водството во генералниот пласман во МОТО ГП класата. Втор денеска беше Јохан Зарко, додека третопласиран на подиумот заврши Андреа Јаноне, 4. позиција беше за Андреа Петручи и петтопласиран Валентино Роси.

Маркез сега има 70 бодови, 12 повеќе од Зарко. Вињалес е третопласиран со 50 бодови, па следуваат Јаноне со 47, Довициозо со 46, Роси со 40 и така натаму.