Марез испиша историја и им се приклучи на Ето, Дрогба, Салах и Мане

Како гости, фудбалерите на Манчестер Сити ремизираа 1:1 против РБ Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Оваа вечер најмногу ќе ја памети напаѓачот на „граѓаните“ Ријад Махрез, кој погоди за Сити и го запиша своето име во историјата на фудбалот во Африка.

Алжирецот вечерва во Лајпциг постигна 20 гола во Лигата на шампионите и со тоа стана петтиот африкански фудбалер кој постигнал 20 или повеќе голови во елитното европско клупско натпреварување.

Најдобри на оваа листа се актуелниот фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах од Египет и легендата на Челзи и Брегот на Слоновата Коска Дидие Дрогба кои постигнаа по 44 гола во елитата.

Зад нив е камерунскиот напаѓач Самуел Ето, кој се прослави во Барса и Интер, со кои беше шампион на Европа, а во Лигата на шампионите постигна точно 30 гола. Сенегалецот Садио Мане, поранешен играч на Ливерпул кој минатото лето се пресели во Баерн од Минхен, постигна три гола помалку од Ето.