Мареј за Ѓоковиќ: Доколку не ја погодеше судијката со топче…

Енди Мареј смета дека младата генерација на тенисер ќе мора уште многу да работи, за да се избори со нивото на игра кое го имаат Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Мареј го прокоментира и неодамнешното финале на ГС турнирот во Австралија, помеѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

Очекував финалето да биде неизвесно искрено, но исто така знам колку добар и мотивиран може да биде Ѓоковиќ за време на мечот. Кога доаѓате да играте против некој кој има 17, 18 или 19 титули, тогаш навистина е застрашувачки“.

Мареј верува дека Ѓоковиќ доколку не беше дисквалификуван во Њујорк, ќе го освоеше и тој турнир.

Доколку Новак Ѓоковиќ не ја погодеше судијката во тело со топчето, мислам дека исходот ќе беше ист, тој ќе го освоеше УС ОПЕН“, констатира Мареј.