Мареј се бореше со солзите: Можеби ќе ве видам повторно…

Најголемото внимание на љубителите на тенисот на првиот ден од Австралијан Опен привлече дуелот на Енди Мареј и Роберто Баутиста Агут.

Поранешниот светски број еден најави дека Австралијан Опен би можел да биде последниот турнир на кој ќе настапи, а по лавовската борба и елиминацијата во првото коло, сите сакаа да чујат дали Мареј ќе изјави дека ќе се повлече.

Конечната одлука не ја донесе на теренот. Веднаш по мечот упати некои пораки за благодарност до луѓето кои го поддржуваат во најтешките моменти низ кои минува, а потоа објасни од што зависи дали во иднина повторно ќе заигра на Австралијан Опен.

„Можеби ќе ве видам пак… Ќе дадам се што е во моја моќ да се обидам. Ако сакам повторно да играм ме чека нова комплицирана операција, но не постојат гаранции. Ќе дадам се од себе…“, изјави Мареј борејќи се да ги совлада солзите.

Покрај овациите од трибините, Енди Мареј доби поддршка и од најголемите ривали и пријатели. Преку видео порака до Енди се обратија Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер, Александер Зверев, Ник Кирјос…

Како што стојат работите во моментов, во случајот на Енди Мареј не постојат долгорочни гаранции и секој следен турнир би можел да биде последен кој ќе го одигра во кариерата.

Доколку се одлучи за нова операција ќе го очекува нова долга пауза, процес на рехабилитација и враќање на тренинзите, но проблем е што не постојат гаранции дека тоа ќе му овозможат повторно да игра на највисоко ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдобрата македонска тенисерка по подолг период освои титула: Лина најдобра во Белорусија

Кирјос: На многу тенисери им се допадна тоа што го реков за Надал и Ѓоковиќ

Стигна закана за Ѓоковиќ: Не од Надал, не од Федерер, туку од – Зверев!

(ФОТО) Надал направи чудесна фотографија: Чекав 15 дена за да ја објавам

ВИДЕО: Каква иронија – Надал на 16 години не го сакаше нештото во кое сега доминира!

ВИДЕО: На турнир во Казахстан го имаме еден од најбизарните поени во тенисот

Поплаките вродија со плод – Ролан Гарос од 2020 година прави радикални промени

Виландер како заштитник на Србинот: Новак беше во право за условите во Париз

Надал за разговорот со Федерер во полуфиналето од Ролан Гарос