Мареј посакува уште една титула во Гренд слем и посочи на кој турнир

Трикраткиот освојувач на Гренд слем титула, Британецот Енди Мареј, следната недела ќе игра на Мастерсот во Мајами.

Енди доби специјален повик од организаторот, тој е на 118 место, на АТП и желба му е што поскоро да почне да се искачува високо на АТП листата.

Знам дека и понатаму сум способен да играм на највисоко ниво. Пред Австралија, во декември, разговарав см членови на својот тим во Мелбурн. Реков дека навистина имам чувство дека можам да стигнам далеку таму. Моите очекувања се такви што верувам дека можам да играм добро и да освојам уште една Гренд слем титула“.

Амбицијата му е сезонава да оствари добар резултат на Вимблдон.

Се надевам дека за неколку месеци ќе бидам здрав и дека ќе играм на повеќе мечеви, а потоа би дошле и победите. Сакам да бидам присутен на Вимблдон и имам чувство дека имам шанса да победам таму“, истакна Федерер.