Мареј покажа незнаење, а Федерер туристички способности, на сето тоа Ѓоковиќ ја направи шегата на денот

Интересна и симпатична ситуација се случи за време на прошетката која ја имаа сите тенисери пред почетокот на Лејвер Купот во Лондон.

Главни актери во ова видео кое стана вирално се Роже Федерер, кој на овој турнир се повлекува во пензија, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ.

Љубителите на тенисот со нетрпение го исчекуваат почетокот на Лејвер купот во Лондон кој почнува во петок, каде ќе има доста емоции поради повлекувањето на швајцарскиот ас.

Федерер вчера одработи прошетка низ Лондон во друштво на Ѓоковиќ, Мареј и тренерот на тимот, Бјорн Борг, кога и се случи интересниот момент.

Енди Мареј иако е Британец, не се снаоѓаше баш најдобро во Лондон, па беше интересно да се види како Федерер го упатува на одредени знаменитости низ градот и разни атракции, а Ѓоковиќ се насмеа на негова сметка.

Која е таа зграда? Тоа е Шард, зар не? Што и се случи“, прашуваше Мареј, а на тоа Роже му одговори… „Таа е секогаш таква, изгледа како скршено стакло, но тоа е Лондон, го знаеме тоа“, порача Федерер.

На тоа Ѓоковиќ имаше интересен коментар….. „Енди, Роже ти држи лекции за Лондон…“.