Мареј:Очекувам руски и белоруски тенисери да играат на Вимблдон оваа година

Британецот Енди Мареј денеска изјави дека очекува организаторите на Вимблдон да им дозволат на руските и белоруските тенисери оваа година да учествуваат на третиот Грен слем турнир во сезоната во Лондон, пренесува Би-Би-Си.

Минатата година организаторите на турнирот во Лондон го забранија настапот на руските и белоруските тенисери на Вимблдон поради војната во Украина.

Раководствата на ВТА и АТП тогаш решија да не доделуваат бодови за нивната ранг-листа за Вимблдон, а организаторите беа казнети со 1,4 милиони фунти поради забраната за учество на тенисерите.

„Навистина е тешко и ги разбрав играчите кои не можеа да играат минатата година. Но, ја разбрав и ситуацијата што им отежнува на организаторите да донесат одлука. Од она што го разбрав, ќе им биде дозволено и нема да полудам ако тоа се случи. Но, ако Вимблдон тргне по друг пат, јас би го сфатил тоа“, рече Мареј.