Мареј бара казни за идните престапници во тенисот со здравствените протоколи

Британскиот тенисер Енди Мареј зборуваше за следниот Грен слем турнир кој треба да се одржи – УС ОПЕН.

Отвореното првенство во Америка треба да почне на 31 август и тоа веќе бара сериозна организација и донесување на правила и протоколи кои ќе ги заштитат тенисерите од Ковид19.

Мареј истакна дека ќе има дел од играчите кои ќе ги кршат заштитните протоколи, но дека би било соодветно и да бидат казнети.

Мислам дека повеќето играчи ќе ги почитуваат правилата, но ќе има и група престапници кои нема да ги почитуваат. Го видовте тоа во НБА, тоа се случи и во голфот, а верувам дека тоа ќе биде случај и со нас. Мислам дека казните треба да бидат сериозни, затоа што на крај се изложувате на голем ризик, и не само вие, туку цел турнир“, порача Мареј.

Британецот е трикратен освојувач на Гренд слем турнири, а моментално е 129. место на АТП листата.