Мане на средба со претседателот на Сенегал, па го изненади со своите желби

Садио Мане е познат по својата голема скромност, иако заработува многу пари во Ливерпул.

Мане е еден од најплатените играчи во Ливерпул, но не сака да троши премногу и да се пофали со своите пари.

Сенегалецот го сврте вниманието кон себе минатата година кога покажа дека користи скршен мобилен телефон веќе некое време и едноставно не сака да троши пари секој месец без поголеми потреби.

Мане имал многу тешко детство во Сенегал и поради тоа научил како да се однесува кога еден ден има голема сума на пари, а тој рече дека нема потреба да купува Ферари или авиони и da покажува колку е богат.

“Бев гладен. Играв бос. За што би ми требаале десет Ферари и два авиони?! Дали овие работи му служат на доброто на светот. Изградив училишта, стадион, им дадовме облека, обувки и храна на најранливите. ”

„Секој месец донирам по 70 евра на сите жители во најсиромашните делови на Сенегал за да придонесам за семејната економија“, рече еднаш Мане.

Фудбалерот на Ливерпул во моментов е на заслужен одмор и одлучи поголемиот дел да го помине во Сенегал.

Локалните медиуми објавија дека Мане се сретнал со претседателот на Сенегал, Меки Стал, со кого разговарал за ситуацијата во неговата татковина.

Мане повторно ги воодушеви сите кога ги претстави своите планови пред претседателот на Сенегал. Самиот Стал беше изненаден од тоа колку Мане е заинтересиран за ситуацијата во оваа земја и колку сака да им помогне на сите.

Имено, Мане му предложи да изгради нова болница. Покрај тоа, тој сака да започне со изградба на нов стадион на кој ќе игра репрезентацијата на Сенегал.

Мане рече дека ќе ги вложи своите пари во овие проекти, но дека има и други побогати луѓе кои веќе изразиле желба да помогнат.

Претседателот на Сенегал е воодушевен од овие идеи и вети дека ќе стори се за да ги добие Мане потребните дозволи за изградба на болница што е можно поскоро, а потоа и за изградба на национален стадион.