Мане ја раскажа својата тажна приказна од детството – ете затоа градам болница во моето село!

Садио Мане е несомнено еден од најхуманите фудбалери во денешно време и тоа го докажува на дело.

Откако прво изгради училиште во своето родно место за дечињата кои учеле во руинирани простории, сега Мане гради болница на местото каде е роден.

Тој таа одлука што ја донесе, да гради модерен клинички центар, ја образложи до најситен детал.

Кога бев седум години, требаше да почнам да играм фудбал, кога ми пријде еден од роднините да ми каже дека починал татко ми. Во Бамбали немаше болници, па моравме да го возиме во соседното село за да му го спасуваме животот, но тоа не беше случај. Кога почина татко ми, си реков себе си дека ќе дадам се од себе за да и помогнам на мајка ми. Тоа беше тешко да се замисли кога си многу млад“, раскажува Мане.

Две децении подоцна Мане во родното село каде 70% од фамилиите живеат во сиромаштија, им изгради прво модерно училиште, а сега голема болница каква што нема во близина на Бамбали.

Сестра ми се роди дома, затоа што немаше болници во нашето село. Тоа беше тажа ситуација за сите нас. Затоа одлучив да направам болница, да им дадам надеж на луѓето“, се надоврза Мане на неговото детство.