Манџукиќ не патува во Фиренца, го напушта Јувентус

Хрватскиот напаѓач ги живее последните денови во Торино бидејќи веќе викендов планира да го напушти Јувентус и да замине на друг континент.

Последните информации велат дека ќе заигра во МЛС лигата иако не се знае точно кој клуб ќе биде тоа. За него постоеше интерес и од Катар, но тамошниот фудбалер не е доволно атрактивен за Манџукиќ.

Искусниот напаѓач не е во плановите на Маурицио Сари за оваа сезона бидејќи во нападот најверојатно ќе играат Роналдо и Игуаин со повремена помош од Дибала.