Манчестер Јунајтед стартуваше со триумф

Тимот на Жозе Мурињо ја запиша првата победа и ги освои првите бодови во новата сезона од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ вечерва на отворањето на Премиер лигата на Олд Трафорд го совладаа Лестер со 2:1.
Стрелци на головите за Манчестер Јунајтед беа: Пол Погба од пенал во 3.минута и Лук Шоу во 83.минута.
Голманот на домашните Давид Де Геа имаше и две сигурни одбрани по една во секое полувреме при резултат 1:0.

Гостите почесниот гол го постигнаа во судиското надополнување на вториот дел (90+2), а стрелец беше резервистот Џејми Варди.

Утре се играат шест натпревари од првото коло од Премиер лигата, а во недела на програмата се уште три кога се игра и дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: По Фергусон, беа Мојс, Ван Гал и Мурињо, но по Џонс – повторно Џонс!

(ВИДЕО) Роналдо фрустриран: По поразот го истури бесот врз камерманот

(ВИДЕО) Обид за убиство во Амстердам – ХОРОР старт од страна на Милер

(ВИДЕО) Одамна немаме видено ваков бизарен автогол: Мурињо не може да верува што направи Џонс

(ВИДЕО) Кошмарна ноќ за фаворитите: Јуве и Јунајтед поразени – Лион најголем добитник

(ВИДЕО) Роналдо падна како покосен – веднаш започнаa да го исмејуваат

(ВИДЕО) Не, не, не…. Погба па зарем го промаши и ова

Зошто ли го и купија: Куртоа е очаен оваа сезона – зарем не е време да се врати Навас !?

(ФОТО) СКАНДАЛ во Сплит: Играчите на Хајдук пред дербито со Динамо се коцкале и опивале