Манчестер Јунајтед блиску до одлука да донесе „човек за трансфери!“

Долго веќе се шпекулира околу тоа дека Манчестер Јунајтед размислува конечно за идејата да постави „директор за фудбал“, односно човек директно кој ќе влијае за трансферите и ќе му биде корективен на ионака критикуваниот извршен директор Ед Вудвард.

Како што е познато, Вудвард е инсталација на сопствениците на Јунајтед, семејството Глејзер од Америка, па тие честопати се критикувани, или непрестано критикувани заради лихварската политика која ова семејство ја води, односно тоа што влечат пари од клубот за сопствени намери со бизнисите во Америка, додека во спротивно го оставаат клубот на цедило.

Но веројатно клубот сега е блиску до одлука да назначат директор за фудбал, што ќе значи посеризна будност при трансферите и нивна реализација.

Таквиот статус доаѓа од последните трансфер неуспеси на Јунајтед минатото лето, кога не успеаја да ги донесат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Џек Грилиш од Астон Вила.

Пред извесен период, името на Едвин Ван Дер Сар циркулираше како најсериозен кандидат за позицијата директор за фудбал,  се споменуваше и името на Марсел Брандс, човек кој сега ја извршува работата „директор за фудбал“ во Евертон, но се почесто се споменува и името на Рио Фердинанд, поранешниот дефанзивец на Јунајтед, кој веројатно би бил полн погодок според поголемиот дел од навивачите, бидејки овој човек дише за Јунајтед, живее со Јунајтед и ја познава најдобро структурата на клубот и околу него.