Манасков: Задоволни сме, го срушивме Вардар

Веспрем е новиот владетел во СЕХА лигата, откако вечерва го надигра Вардар во финалето (27:35).

Вардар не е повеќе таков каков што го познава(в)ме, но сепак дојде до финале, кое на крајот убедливо го загуби.

По мечот, Дејан Манасков, кој постигна неколку голови против Вардар, истакна:

„Сигурно дека сме среќни по секоја освоена титула. Одигравме добар меч сите 60 минути, го контролиравме Вардар. Во првиот дел имавме многу промашени зрели шанси, но задоволни сме од постигнатото. Сега одиме дома, каде ќе се подготвуваме за она што ни следува потоа“, рече Дејан Манасков.