Манасков со кратка и јасна порака даде демант за наводниот трансфер во Динамо Букурешт

Македонскиот ракометар Дејан Манасков сепак демантираше за наводниот трансфер во Динамо Букурешт.

Иако постоеа одредени информации дека Манасков ќе се пресели од Веспрем во Динамо Букурешт, сега таа информација е демантирана на социјалните мрежи.

„Лажна вест!“, беше кратката порака на Манасков на Инстаграм профилот, со што порача дека нема вистина во она што се пишуваше.

Дејан Манасков се уште се опоравува од повредата и прашање е дали ќе може да заигра до крајот на актуелната во Веспрем.