Манасков: Не знам што да кажам после ова..

Поразителна вечер за ракометната надеж на Македонија, домаќинот Австрија целосно не надигра во секој сегмент од овој спорт.

Нашата репрезентација вечерва очигледно ни одблиску не беше подготвена да им парира на домаќините, а најдобро за тоа сведочи резултатот.

По мечот, во микс зоната, Дејан Манасков скоро и да немаше сили да одговори на она што ни се случи.

Не би знаел што да кажам, едноставно не бевме добро подготвени за нашата одбрана против Австрија. Многу топки во раце им дадовме, промашувавме и чисти ситуации за гол, тоа е што е, не знам навистина што да кажам после ова“, порача Манасков.