Манасков ќе има шанса за титулата во ЛШ: Веспрем се избори за пласман на Ф4

Ракометарите на Веспрем изборија пласман на завршниот турнир од елитното натпреварување, бидејќи по победата на свој паркет со 36:29, во реваншот против Алборг беа поразени на гости со 37:35.

Најефикасни во составот на Веспрем беа Лауге со шест, Мае и Маргуч со пет и Петар Ненадиќ и Штрлек со по три гола. Кај Алборг, Бјорнсен и Јул со по девет гола и Кристијансен со шест гола беа расположени за игра во напад.

Веспрем го контролираше реваншот од првата до последната минута. Тимот од Унгарија го одржа натпреварот рамноправен, не му дозволи на ривалот да дојде до поголема предност, и да добие крила.

Во самата завршница, кога стана јасно дека Алборг не може да го надополни минусот од седум гола, Веспрем малку попушти во одбраната, а Алборг стигна до утешна победа.

Во останатите мечеви од четвртфиналето силите ќе ги одмерат Виве Киелце и Монпеље (прв натпревар 31:38), Кил – ПСЖ (30:30), Барселона – Флензбург (33:39).