Манасков ги скина лигаментите, следува долга пауза

Македонија ќе биде без Дејан Манасков на претстојното Европско првенство бидејќи искусниот крилен играч доживеа тешка повреда на последниот натпревар од домашниот шампионат.

Во дуелот со градскиот ривал Веспрем ККФТ, нашиот ракометар ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото како и страничните вкрстени, а оштетена е и ‘рскавицата. Манасков го очекува операција и пауза од најмалку половина година, а нема да биде чудо ако за него уште сега е завршена сезоната.

По повредата на Манасков, Веспрем остана само со Мануел Штлек на левата крилна позиција.