МАНАСКОВ: Да го вратиме Вардар каде што припаѓа

По пауза од шест години, Дејан Манасков повторно ќе го облече дресот на Вардар. После заминувањето на Тимур Дибиров, од клубот најдоа замена за русинот, тоа ќе биде македонскиот репрезентативец кој доаѓа од екипата на Веспрем,

После потписот, Манасков ги поздрави вардаровите навивачи, истакнувајќи дека му е драго што повторно е дел од Вардар.

-Драго ми е што се враќам во Вардар по многу години. Се надевам дека сите заедно ќе ги оствариме целите и ќе го вратиме клубот каде што припаѓа, а и ќе се радуваме на нови успеси, истакна Манасков.

По извршените лекарски прегледи Манасков ќе се приклучи на тимот и ќе тренира во Скопје, а официјалното деби за Вардар сезонава треба да го има на турнирот во Струга што треба да се игра од 16 до 20 август