Мамиќ направи шоу и му испрати порака на Модриќ: Вечерва треба да ми се заблагодариш за „Златната топка“!

Здравко Мамиќ денеска во Меѓугорје, Босна и Херцеговина, одржа уште една прес-конференција и отворено одговараше на прашања на навивачите. Некогашниот прв човек на Динамо Загреб е во бегство во БиХ, со оглед на тоа дека во Хрватска е осуден на шест и пол години затвор.

Освен во аферата во која е осуден, популарниот Мамињо зборуваше и за фудбалски теми, а се осврна и на Лука Модриќ кој вечерва би требало да стане сопственик на „Златната топка“ и да ја прекине доминацијата на Роналдо и Меси.

„Кога Лука Модриќ ќе ја прими наградата во Париз, тој би требало да каже се заблагодарувам на моето семејство, родителите и човекот кој направи најмногу за мојот развој“, вели Мамиќ и додава:

„Заслужив да ми се каже – ти благодарамe творецу на ова чудо од хрватскиот фудбал“, истакна контроверзниот Мамиќ.

Токму Мамиќ беше главниот „виновник“ за заминувањето на Модриќ од Динамо во Тотенхем, од каде Хрватот се пресели во Реал Мадрид.