Малдини ќе биде избркан од Милан, место него, доаѓа друга клупска легенда

Медиумите во Италија со месеци зборуваат за доаѓањето на Ралф Рангник во Милан, а дека не се во прашање само шпекулации, најдобро зборуваат настаните што се случуваа во периодот на корона вирусот.

Еден од условите за негов премин меѓу „росонерите“ беше да управува со целиот спортски сегмент, да одлучува за засилувањата и за стручниот штаб. Во Милан се согласија на тоа и се чека само крајот на сезоната за тој официјално да биде именуван и да почне со работа.

Весникот Ла Газета дело спорт открива дека за свои помошници, Рангник ги планира поранешниот стопер Даниеле Бонера и легендарниот Ариедо Браида кој со Берлускони и Галијани беше творец на најголемиот Милан. Последниот ангажман Браида го имаше во Барселона каде до лани беше советник за трансфери.