Макс не знае за доста: Го покори и Лас Вегас, Ред Бул загуби „еден-два“ во последните 300 метри

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, оствари нова победа во кариерата, овој пат на трката во Лас Вегас, претпоследната сезонава.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој тргна од пол позицијата, имаше цела трка битка против двата болида на Ред Бул, а на крајот, во самиот финиш од трката, успеа да го нападне на Серхио Перез и да му ја одземе на Ред Бул двојната победа, со што се искачи на второто постолје на пиедесталот.

Победата во „градот на гревовите“ за Верстапен беше 18. оваа сезона, а 53. во кариерата, со што се изедначи со постигнувањето на Себастијан Фетел по бројот на победи.

Сега пред него се само Михаел Шумахер со 91 победа и Луис Хамилтон со 103.

На 4. позиција финишираше Окон, па во топ10 следуваа уште Ленс Строл, Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо и Оскар Пиастри.