Макс е „среќен“ во Ред Бул, но не исклучува трансфер во Ферари или Мерцедес

Макс Верстапен иако тврди дека се чувствува добро во својот шампионски болид, тој сепак не отфрла евентуален трансфер во Ферари или Мерцедес во иднина.

Со оглед на тоа што годинава е во битка за титулата со возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој е во моментов лидер во генералниот пласман, не исклучува можност во иднина да направи трансфер во некоја друга екипа.

Се чувствувам одлично во овој тим засега. Во моментов немам причина да заминам од Ред Бул, имаме компетитивен пакет. На крајот од договорот со Ред Бул, јас ќе бидам 31 година, па тогаш би имал по веќе опции, може да продолжам, но може и да заминам. Не сум уште стар возач или на крајот од договорот. Ќе видиме, не знаеме што носи иднината“, порача Макс Верстапен.

Во моментов Верстапен иако актуелен шампион, има негатива од 19 поени зад Шарл Леклер, но нивната форма со Ред Бул е во нагорна линија, па како ќе одминува сезоната, се очекува Ред Бул да биде се посилен на патеката.