Македонци, Мораеш не го заборави она што му го дадовме овие години!

Со Веспрем вчера во Скопје допатуваа и старите познаници за скопската публика, Рожерио Мораеш и омразениот Вуко Борозан.

Двајцата играчи беа одликувани со посебен дрес за заслуги во Вардар, но публиката со право го исвирка Борозан поради претходниот конфликт кога овој ракометар на доста брз начин го напушти клубот.

Мораеш не заборави да им заблагодари на присутните и на сите навивачи на Вардар, кои добро ги познава и ги знае каква атмосфера знаеа да прават овие неколку години.

Ви благодарам за пречекот Македонци, навивачи, пријатели, засекогаш во моето срце“, напиша бразилскиот ракометар на својот Инстаграм профил.