Македонското знаме се вее: Димитар Ѓорѓиев е светски шампион во кик-бокс

Во категоријата до 81 килограм, Димитар Ѓорѓиев е повторно светски шампион, по четврти пат во кариерата.

Тој во директна битка за медалот, успеа да го сруши натпреварувачот од Босна и Херцеговина, Никола Дробнак, со кристално чиста победа од 3:0.

Димитар Ѓорѓиев и претходно во кариерата има вакви успеси, а има и европско злато од пред три години (2018), со што потврди дека е еден од најдобрите светски кикбоксери.

Претходно низ кариерата, има бронзени медали од првенствата во 2017 и 2019 година.

На патот до медалот, Ѓорѓиев победи претставници од Италија, Србија, во полуфиналето имаше конкурент од Бугарија, кој исто така го победи со 3:0, за печат на овој медал да биде победата во финалето со ист резултат.