Македонските одбојкарки поразени и од Косово

Сеедмо место за Македонија на Балканијадата во Романија.

По поразите во групната фаза од фаворитите Србија и Грција, македонските одбојкарки до 19 години немаа сили да се рехабилитираат ниту во натпреваротсо Косово во сегментот за пласман од петтото до седмото место во конечното рангирање на Балканското првенство во романскиот град Миовени.

Противничките беа подобри со 3:0 (25:21, 25:22, 25:15), избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ ги одиграа првите два сета на една до две топки, но не успеаја да поведат или да израмнат, па во третиот воопшто не дадоа посериозен отпор. Коректорката Мери Бошковска со 11 поени беше најефикасна во македоонската репрезентација којашто со три порази во три средби го освои седмото место на Балканијадата.

Нашите одбојкарки од генерацијата 2004-та и помлади утре нема да играат во Миовени и ќе се вратат во Крушево за да ги одработат завршните подготовки за настапот на Европското првенство во оваа ворасна категорија. 12 репрезентации ќе се надмудруваат во Скопје во периодот од 27-ми август до 4-ти септември. Македонија ќе биде во група со Полска, со Италија, со Словенија, со Грција и со Финска, а натпреварите ќе ги игра во арената „Борис Трајковски“.