Одбојкарската селекција на Македонија со полна пареа се подготвува за настап на ЕП
Подготвителниот период со “суви тренинзи” заврши, на ред се контролите пред настапот на Европското првенство во Скопје од 30-ти август до 6-ти септември.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе имаат бројни силни контролни дуели кои стартуваат веќе денес.
Првиот денеска е од затворен карактер а противник е Романија, додека утрешниот од 19 часот во “Јане Сандански” со можност за присуство на публика.