Македонските одбојкари се селат во Кавадарци: На ред контролни дуели со Јапонија и Израел

Македонските одбојкари денеска ќе го одржат последниот тренинг во салата „Јане Сандански“ и ќе се преселат во Кавадарци за подготвителни натпревари против Израел и Јапонија.

Во салата „Јасмин“ од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно, а Македонија ќе одигра три во четирите денови на овој контролен турнир.

МАКЕДОНИЈА – Израел (четврток, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Јапонија (петок, 20 часот)
Израел – Јапонија (сабота, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Израел (недала, 20 часот)

Овие контролни средби ќе бидат значајни за македонскиот национален тим да ја крева формата пред настапот на третиот континентален собир за нас – Европското првенство во Скопје од 30-ти август до 6-ти септември.