Македонските одбојкари се подготвуваат за квалификациските дуели

Македонската одбојкарска репрезентација деновиве ги одработува последните тренинзи во пресрет на четирите квалификациски дуели што ќе ги игра во следниот период. Во рамките на подготовките под водство на новиот селектор Никола Матијашевиќ репрезентативците тренираа најпрвин во Маврово 15 дена, а сега се во Скопје каде одиграа и два пријателски дуела против селекцијата на Албанија.

На првиот дуел во петокот Македонија победи со 3-2 во сетови, а триумф беше запишан и на вчерашниот неофицијален дуел. Попладнево Македонија ќе одигра уште едн дуел од затворен тип.

Македонските одбојкари во СРЦ „Кале“ ќе тренираат и во понеделник, а во вторник се патува за Унгарија каде во среда (15.август) го играат првиот дуел од квалификациите.
Во сабота на 18.август Македонија ја пречекува Украина, а потоа е дуелот со Швајцарија на домашен терен на 22.август. Последниот натпревар од овој циклус се игра на 25.август на гости кај Швајцарија.

Последните две кола од квалификациите се играат во јануари 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФОТО: Одбојкарите слават – нека се виори тоа МАКЕДОНСКО СОНЦЕ!

Драма со Унгарија – но голема победа на Македонија за живеење на сонот за пласман на ЕП

Македонските одбојкари европските квалификации ги стартуваат од Будимпешта

Италијански голман ја преживеа несреќата на паднатиот мост во Џенова

(ВИДЕО) Атлетичарка од Израел се посрамоти: Го прослави среброто, а до крајот остана уште еден круг

Никола Ѓорѓиев: Унгарија е екипа која добро ја познаваме

ТРАГЕДИЈА: Од срцев удар умре одбојкар на хрватскиот шампион – играше со нашиот Љафтов

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Брутално и без милост – обезбедување уби познат ММА борец

ВИДЕО: Сочни пцовки – „Да ти е*ам….“