Македонските одбојкари загубија од Јапонија со 3:2 во денешниот пријателски натпревар во салата “Јасмин” во Кавадарци. По триумфите над Романија и над Израел, ова беше прв пораз во подготвителниот период за ЕП 2023 во Скопје.
Првиот сет го доби ривалот со 25:23, во вториот бевме доминантни со 25:17, потоа поведовме со 32:30 во третиот, но Јапонија направи пресврт со 25:23 и со 15:13.
Статистиката понекогаш упатува на погрешна страна, па Македонија загуби од Јапонија со 3:2 во вчерашната контрола во Кавадарци без разлика што поголем дел од податоците се на страна на нашите одбојкари.
Црвено-жолтите имаа три поени повеќе од напад (56) и поголема ефикасност, направија четири блока плус (14), освоија идентичен број асови како ривалот (6), забележаа седум контри повеќе (31), дури имаа и подобар прием, а сепак го претрпеа првиот пораз во подготовките за ЕП 2023 во Скопје.
Никола Ѓорѓиев беше најефикасен на натпреварот со 31 поен, до Александар Љафтов и Филип Савовски стои бројката 17, Владо Милев реализираше 11, Филип Маџунков 9, Филип Деспотовски 2, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Стојан Илиев по 1 поен.
Македонските одбојкари денеска ќе одмораарт, во салата “Јасмин” од 20 часот ќе играат Јапонија и Израел, кој утре ќе ни биде противник на последниот ден од кавадаречката македонска епизода во тренажниот процес за првото машко сениорско европско првенство во историјата на независна Македонија.