Македонските одбојкари поразени од Јапонија, веќе денес на поправен со Египет

Македонските одбојкари загубија од Јапонија со 3:0 (25:20, 25:18, 25:20) во првото коло на 47-то издание на меморијалниот турнир “Чајка”

Капитенот Никола Ѓорѓиев освои 13 поени, Александар Љафтов 10, Филип Савовски 8, Стојан Илиев 6, Филип Маџунков 3, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски по 1.

Овој биланс против Јапонците, вечерва во “Борис Трајковски” треба да биде многу подобар и во екипна смисла. Втор ден на традиционалниот меморијален турнир “Чајка” и уште еден силен тест за македонските одбојкари. По вчерашнот пораз од Јапонија, црвено-жолтите ќе играат со Египет, кој на почетокот ја совлада Грција со 3:1.

“Чајка” е последна проверка пред ЕП 2023 во Скопје од 30-ти август до 6-ти септември. Дајте им поддршка на македонските одбојкари за влезот во континенталниот самит да биде што поуверлив.