Македонските одбојкари ја збришаа БиХ во гости – сега чекаме романска помошо за Ф4

Македонската одбојкарска селекција онакака како и што започна, така и ги заврши настапите во групата групата Б од Сребрената европска лига.

Во последното, 6. коло нашите репрезентативци во гости ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина со 3-0 во сетови 25-21, 25-21 и 25-20.

Ние нашето си го направивме, па сега утре ќе го очекуваме исходот од мечот помеѓу Романија и Албанија.

За пат на Македонија на завршниот Ф4 потребно е Романија да победи над Албанија со 3-0 или 3-1. Секој друг резултат ќе значи завршување на настапите за оваа сезона во ова натпреварување за Македонија.