Македонските одбојкари ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2021

Одбојкарската машка селекција на Македониај која изминатата година го имаше своето прво учество на едно Европско првенство, ја очекуваат квалификации за ново континентално првенство.

Денес по ждрепката нашите „жолто-црвени“ ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2021 година кое ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Македонија се најде во групата Ц заедно со селекциите на Турција, Данска и Босна и Херцеговина.

Пласман на ЕП ќе обезедат победниците во сите 7 групи, како и петте најдобро второпласирани.