Македонските одбојкари добија нов селектор – добро познато име

Одбојкарската федерација на Македонија го продолжи трендот на често менување селектори на машката сениорска селекција.

По неколку странски тренери, овојпат се решија за проверено добро познато име на нашата сцена.

По долги години пауза одново селектор ќе биде искусниот Јошко Миленковски.

„По 15 години Јошко Миленковски е повторно селектор на машката сениорска репрезентација

Старо-новиот предводник на националниот тим, ќе ја предводи репрезентацијата во Европската Лига и Европското првенство што ќе се одржува во Скопје од 30 Август“, стои во објавата на ОФМ