Македонските новинари и ракометари едногласни: Ова не го очекувавме од Германците

Спортклуб од Минхен,

Симеончо Стоиков

Вчера со дуелот помеѓу Јапонија и Македонија беше отворена Б групата од СП во Германија и Данска. Домаќин е Минхен и салата „Олимпија Хале“.

Иако Германците важат за мошне прецизни и точни, сепак на првиот ден македонските претставници на медиумите се соочија со проблеми. Имено немаше интернет конекција на трибината, нешто што е основно за работа, па пола меч го следа и работе од прес центарот.

Домаќините и организаторите немоќно се обидуваа да го решат проблемот, но безуспешно.

Утрово и нашите ракометари ни се пожалија на ист проблем. Имено поради очајниот интернет  од нашата селекција не можеле да обезбедат  видео-анализа на време со што би го скаутирале следниот наш противник. Нешто што е неопходно за подготовка на мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) ОФИЦИЈАЛНО: Вардар потпиша со македонскиот репрезентативец

Одредени шеширите за ЛШ, Вардар избегна судир со ПСЖ и Раул, Еурофарм е во четвртиот шешир

(ФОТО) Повредата е минато за Столе, капитенот на Вардар се враќа уште посилен

Карачиќ со последен поздрав до сите Вардарци: Засекогаш ќе бидете во моето срце!

По Скубе, уште еден борец на Вардар ја продолжи верноста со клубот

Карачиќ отворено: Вардар ми должи 21 плата – Самсоненко рече ќе не исплати и му веруваме

Карачиќ открива што им ветил Сергеј и притоа вели: Се уште немаме земено пари

Ништо од Вардар: Ракометарот кој беше желба на „црвено-црните“ заврши кај Кире Лазаров

Како Дисингер и Дибиров му направиле услуга на Вардар за случајот со Горпишин