Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години попладнево ја совлада соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 1:0.
Победничкиот гол го постигна Дитмир Хоџа во петтата минута од судиското надополнување на второто полувреме.
Ова беше своевиден реванш за поразот (1:3) на избраниците на селекторот Димитар Капинковски од пред два дена.
Натпреварите се играа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија У-17 во март ја очекуваат настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство против селекциите на Шкотска, Лихтенштајн и Романија.