Македонските јуниори ја смачкаа и Словачка, сигурно се први

Македонската М18 репрезентација продолжи со победите на Европското Б-првенство што се одржува во Орадеа, Романија.

Во четвртото коло нашите кошаркари ја победија Словачка со 83:58 и мирно го очекуваат последниот меч во групата, против Данска бидејќи првото место веќе е обезбедено. За разлика од претходните натпревари, сега сите кошаркари добија шанса, а во листата на стрелците не се запиша само Лука Савичевиќ. Најефикасни беа Јакимовски и Митевски со по 10 поени.

Натпреварот против Данска се игра утре од 20:45 часот, а нешто порано би требало да го добиеме ривалот во четвртфиналето.